Сцената ќе биде празна и само делумно осветлена кога берлинската балетска трупа ќе го игра „Лебедово езеро“ овој месец во „Дојче Опера“, по дефект на системот за прскање, кој ја поплави сцената, а водата предизвика сериозни оштетувања, што се случи за време на Божиќ.

Сценската машинерија во германската опера беше оштетена од поплавата и таа е нефункционална, поради што сите изведби на „Лебедово езеро“ во јануари ќе се играат на „црна сцена“, без сценографија и целосно осветлување, кажа денес Берлинскиот државен балет. Претставите како и вообичаено ќе се играат со оркестар, костими и маски.

„Оние кои нема да сакаат да ја гледаат оваа уникатна форма на претставата ќе може да побараат да им се вратат парите за билетите“, велат од Берлинскиот државен балет.