НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА „РАЛФ ЛОРЕН“ ИНСПИРИРАНА ОД РЕЈЧЕЛ ГРИН ОД „ПРИЈАТЕЛИ“

Њујорк, (Скај)

Американската модна куќа „Ралф Лорен“ лансираше линија наречена „Рејчел Грин“, според ликот кој го играше Џенифер Анистон во популарната ТВ-серија „Пријатели“. Новата колекција е во чест на 25-годишнината од серијата, во која што Рејчел Грин работеше токму во „Ралф Лорен“ и важеше за модна икона која ги инспирираше фризурите и облеките на жените во 1990-те и 2000-те.

Во новата линија има некои од најпрепознатливите парчиња на Рејчел Грин, како тексас комбинезонки, широки панталони, ролки, куси здолништа и чорапи до над коленици, како и свечени фустани, костуми, па дури и униформи за навивачки.

„Со оглед на тоа што се докажа дека ‘Пријатели’ 25 години е една од најомилените ТВ-серии на гледачите, оваа колекција на ‘Ралф Лорен’ ги рефлектира неговиот безвременски стил и архитиповите на модерните жени со кариера“, стои во соопштението на брендот.