НОВИТЕ МАИЦИ НА „ВОЛЕБАК“ СЕ НАПРАВЕНИ ОД ДРВО И АЛГИ И БРЗО СЕ РАСПАЃААТ ВО ЗЕМЈА

Лондон, (Дезин)

Компанијата за облека „Волебак“ ги претстави своите нови маици направени целосно од дрвени пулпи и алги, за кои вели дека можат да се разложат во земја за само три месеци.

Како материјал за изработка на маиците е искористено дрво од евкалиптус, бука и смрека, кое се сецка и толчи за да се претвори во растителни влакна. Зелената слика на предната страна на маицата е изработена од алги одгледани во биореактори, во кои ова водено растение се претвора во мастило за печатење.

„Гледајте на алгите како на материјал стар 1,5 милијарди години“, вели коосновачот на „Волебак“, Стив Тидбол.

Откако ќе престанете да ја носите маицата, таа може да се закопа во земја или компост и од компанијата тврдат дека ќе се распадне за три месеци.

„На растенијата и алгите од маицата им требаат габи, бактерии и топлина од земјата за да почне да се разложува. Тоа нема да се случи во вашиот шкаф“, додаде Тидбол.