„ПРАДА“ АНГАЖИРАШЕ ХОЛИВУДСКИ АКТЕРИ КАКО МАНЕКЕНИ ЗА РЕВИЈАТА ВО МИЛАНО

Милано, (АП)

Филмските ѕвезди Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан ненадејно се појавија на модната недела во Милано, но не во публика, туку на пистата. Тие беа меѓу десетина холивудски актери што италијанскиот моден гигант „Прада“ ги покани за да ја презентира својата машка колекција есен-зима 2022.

Кајл Меклахлан (Фото: Гети)

„Прада“ одлучи да не ја откаже својата ревија среде големото ширење на коронавирусот во Италија и го зачини тоа со неочекуваниот избор на манекени. Шеесет и деветгодишниот Голдблум последен излезе на пистата, носејќи долг црн капут.

Меѓу актерите-манекени беа и ѕвездата на серијата „Сексуално образование“ Ејса Батерфилд и Томас Броди-Сангстер од серијата „Дамски гамбит“.