ПРЕКУ 300 СПОРТИСТИ И МОДЕЛИ УЧЕСТВУВАА НА МОДНАТА РЕВИЈА НА „ВОГ“ ВО ПАРИЗ СО КОЈА СЕ ПРОСЛАВИЈА 100 ГОДИНИ ФРАНЦУСКА МОДА

Париз, (Би-Би-Си)

Пејачи, супермодели и спортски ѕвезди учествуваа на модниот настан „Вог ворлд“ на плоштадот Вандом во Париз, кој беше претворен во модна писта.

Модел на ревијата беше и поранешната тенисерка Серена Вилијамс (Фото: Гети)

Настанот го организираше модното списание „Вог“, како прослава на 100 години француска мода.

Статисти прикажуваа различни спортови во позадината на ревијата за секоја деценија на модата од 1920-тите до денес, што се случуваше еден месец пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри. На ревијата учествуваа 151 модел и 188 спортисти.

Ревијата се одржа на плоштадот Вандом (Фото: Вог)