ТРИ ГЕНЕРАЦИИ КАРДАШИЈАНИ ЗАЕДНО ВО РЕКЛАМА

Лос Анџелес, (Пипл)

Кланот Кардашијан има нов модел во своите редови, откако петгодишната Норт Стар ја сними својата прва реклама.

Модната куќа „Фенди“ ја одбележа десетгодишнината од својата популарна чанта „пикабу“ со реклама, во којашто спои три генерации Кардашијани. Покрај малата Норт Стар, во кампањата учествуваат и мајка ѝ Ким Кардашијан и баба ѝ Крис Џенер. Освен во рекламата, планирано е тие да се појават и во краток филм, што ќе се снима во Лос Анџелес, а како музичка подлога ќе има песна од Канје Вест.

„Идејата беше да го прошириме концептот на семејство, бидејќи тоа е дел од нашата историја. Во случајот на Кардашијани, тие сите се силни жени, со силни личности. Тие се легендарно семејство, добро познато во јавноста, но ние сакавме да ја покажеме неговата интимна страна“, изјави креативната директорка на компанијата, Силвија Вентурини Фенди.

Со кампањата се пофали и самата Ким Кардашијан.

„Голема работа е да се биде во иста кампања со моите мајка и ќерка“, напиша таа на Твитер.