ВОЛНА ОД РАСТЕНИЈА И ЧИЗМИ ОД КАКТУС СЕ ПРОДАВААТ ВО ПРВИОТ СВЕТСКИ ВЕГАНСКИ БУТИК ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Лос Анџелес, (Дезин)

Облека и модни додатоци од кактус и волна од растенија може да се најдат во првиот вегански бутик на светот „Веганска модна библиотека“, кој се отвори во Лос Анџелес.

Во дуќанот се продаваат облека и модни додатоци направени од еколошки материјали. Идејата е на тимот од Веганска модна недела, чија цел е да привлечат славни личности и стилисти со дизајнерски вегански парчиња.

Меѓу уникатните парчиња има и облека од веганска свила, модни додатоци од органски јаболка и чизми од ананас.

„Внесуваме позитивни промени преку свесна креативност. Да ја искористиме оваа прилика од пандемијата и да погледнеме над социјалната дистанца за да создадеме нова свесност и промени во однесувањето“, изјави Емануел Руенда од Веганска модна недела.