ЗА ПРВПАТ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА, АРМАНИ ЌЕ ГИ ПРОПУШТИ СВОИТЕ РЕВИИ ВО МИЛАНО

Милано, (Би-Би-Си)

За првпат во својата кариера, 90-годишната модна легенда Џорџо Армани ќе ги пропушти своите ревии на Модната недела во Милано.

Неговата модна куќа соопшти дека се опоравува дома, по краткиот престој во болница во Милано. Во соопштението се наведува дека италијанскиот дизајнер е посветен на своите колекции како и секогаш, и ќе ги следи ревиите за машка облека на 21 и 23 јуни од дома.

Медиумите пренесуваат дека ова е првпат Армани да пропушти еден од своите модни настани, во кариера што се протега повеќе од пет децении. Минатата година тој рече дека би можел да се пензионира во наредните години.

На ревиите следната недела ќе бидат претставени колекциите пролет-лето 2026 на неговиот истоимен луксузен бренд.

Основан во 1975, во јули ќе ја слави својата 50-годишнина, а Армани својот 91.роденден.

(Фото: Гети)