МОДНА РЕВИЈА СО ДОМАШНИ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ НА САЕМОТ ЗА ВЕНЧАВКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со модна ревија на која ќе учествуваат домашни јавни личности, на 23 февруари во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе се отвори традиционалниот Саем за венчавки.

Отворањето ќе започне со настап на Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки оркестар, а по нив ќе пее триото „Џентлмен“. На ревијата на венчаници и костуми ќе се појават дваесетина познати личности.

Освен венчаници, костуми и накит, на штандовите на Саемот ќе бидат изложени и свадбени декорации.

Настанот се одржува по 12. пат и ќе трае од 23 до 25 февруари од 10 до 20 часот. Настанот го организира продукцијата „Во бело“.

(Фото: „Во бело“)