ОД 2026 ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КАСТИНГ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Академијата за филмска уметност и наука објави дека во 2026 година ќе воведе нова категорија на Оскарите – за најдобар кастинг. Тоа ќе биде прва нова натпреварувачка категорија на церемонијата од 2002 година, кога почна да се доделува Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм.

Кастинг директорите во изминатите години лобираа за признавањето на нивната работа на овој начин. Академијата сега соопшти дека тие имаат суштинска улога во правењето филмови.

Моментално се наградуваат 23 категории на Оскарите.

Директорите за кастинг се вклучени во нови филмски проекти во најраната фаза и играат клучна улога во нивното обликување. Тие ангажираат и актери од А-листата и за мали споредни улоги.

(Фото: Гети)