НАЈСКАПИОТ ПЕРДУВ НА СВЕТОТ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА 28.400 ДОЛАРИ

Нов Зеланд, (Би-Би-Си)

Пердув од истребената новозеландска птица хуја се продаде на аукција за 28.400 долари, со што стана најскапо на светот. Пердувот првично бил проценет на 3.000 долари, за потоа да го собори досегашниот рекорд за 450%, кажаа од аукциската куќа „Веб“.

Хуја важи за света птица на Маорите и била ретка уште пред доаѓањето на Европејците. За последен пат била видена во 1907, иако според Музејот на Нов Зеланд, имало непотврдени видувања и 20 до 30 години подоцна.

Хуја била мала птица песнопојка позната по своите способности за скокање и прекрасни пердуви.

„Пердувот што се продаде е во одлична состојба, бојата е зачувана и нема штети од инсекти“, изјави Леа Морис, шефицата на одделот за декоративни уметности во „Веб“.

(Фото: Веб)