Џорџ Клуни вели дека сè уште не се усовршил во улогата на татко, па моментално не е заинтересиран да презема други слични обврски. Тој на овој начин ги демантираше шпекулациите дека ќе биде кум на новото кралско бебе, новородениот син на принцот Хари и Меган Маркл.
„Луѓето сакаат шпекулации, но ова не е точно“, вели Клуни.
Тој наполни 58 години токму во понеделникот, на денот кога се роди Арчи, првото дете на неговите добри пријатели Хари и Меган.
Оскаровецот и неговата сопруга Амал се родители на близнаци кои следниот месец ќе наполнат две години и вели дека тоа му е доволно.
„Не би сакале јас да бидам нечиј кум или нешто слично. Јас сум едвај родител во оваа фаза и застрашувачки е“, искрен е Клуни.