НИГЕРИСКА УМЕТНИЦА ПРАВИ ПОРТРЕТИ ОД ОСТАТОЦИ ОД ХРАНА – ФОТОГАЛЕРИЈА

Лагос, (Си-Ен-Ен)

Визуелната уметница Ханефа Адам од Нигерија изработува уметнички дела од остатоци од храна. Дваесет и осумгодишната Адам е позната по презентирањето на храната на разни креативни начини, меѓу кои и изработка на портрети.

„Отсекогаш сум била уметничка душа“, вели Адам која е диплмиран медицински научник.

Фото: Си-Ен-Ен

Таа стана позната во 2015 кога ја транформираше Барби во Хиџарби – кукла во муслиманска облека. Уметницата вели дека се инспирира од секојдневни работи, како и животни искуства и култура.

Фото: Си-Ен-Ен

„Сѐ што гледам околу мене може да се трансформира во уметност“, рече Адам.

Фото: Си-Ен-Ен

 

Фото: Си-Ен-Ен