„Боуви 75“ е насловена мултимедијалната изложба во Сохо на Менхетн, каде што британската музичка икона Дејвид Боуви своевремено живеел. Изложбата се организира во пресрет на неговиот 75. роденден на 8 јануари. Боуви почина во 2016 на 69 години.
„Со изложбата го славиме Дејвид. Ова е за Дејвид и неговите обожаватели“, вели продуцентот на изложбата, Лоренс Перјер.

Покрај сувенири за продажба, како маици, дуксери, книги и постери, изложбата содржи и мултимедијални панели, преку кои се добива чувство како легендарниот музичар да е присутен во живо. Се пуштаат негови изјави и се слуша неговиот глас од звучен систем од 360 степени.