ПАТИКИ НА МАЈКЛ ЏОРДАН ПРОДАДЕНИ ЗА РЕКОРДНИ 1,47 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Патики на Мајкл Џордан се продадоа на аукција за 1,47 милиони долари. Тој го носеше овој пар на црвено-бели „најки ер шипс“ во својата прва сезона со Чикаго булс во 1984. Тоа е годината кога „Најки“ и Џордан ја почнаа нивната соработка за да креираат негов бренд на облека и обувки.

Потпишаните патики ги купи Ник Фјорела, добро познат колекционер. Ова е највисоката цена постигната за спортски патики на аукција. Апсолутниот рекорд за најскапи патики му припаѓа на моделот „најки ер јизи прототајп 1“ на Канје Вест, што во април се продаде за 1,8 милиони долари.

Џордан ја помина речиси целата кариера во Чикаго булс и помогна да се зголеми популарноста на НБА низ светот. Се повлече во 2003 и потоа стана првиот милијардер во историјата на НБА.