6 ЧЕСИ КАЗНЕТИ ОТИ СЕ СОБЛЕКЛЕ КАКО БОРАТ ВО КАЗАХСТАН

Астана, (АП)

Шестмина чешки туристи кои се облекле во познатиот костим за капење на ликот Борат на Саша Барон Коен биле приведени од властите во казахстанскиот главен град Астана. Носејќи го зелениот костим за капење и црни перики, туристите сакале да се фотографираат пред знакот „Ја сакам Астана“. Но, локалната полиција ги спречила и ги привела, по што ги пуштила со казна од по 68 долари за нарушување на јавниот ред и мир, објавија казахстанските медиуми.

Костимот за капење стана познат откако британскиот актер и комичар Барон Коен, играјќи го измислениот казахстански ТВ водител Борат, го носеше во истоимениот филм од 2006 година.

Голем дел од Казахстанците беа навредени од филмот во кој што земјата е претставена како назадна.