Кети Мезонруж 15 години чека на патувањето што ќе ја одведе надвор од овој свет.
Шеесет и едногодишната професорка по бизнис во 2005 платила 250.000 долари за патување над Земјината атмосфера и компанијата која ѝ ја продаде картата „Вирџин галактик“ вели дека летот конечно ќе се реализира оваа година. Нејзиниот основач сер Ричард Бренсон ќе биде на првиот лет, а набргу по него, своите пет минути во нулта гравитација ќе ги добие и Мезонруж.
„Се надевам дека ќе биде неверојатно како што очекувам“, вели таа.
Ако сѐ биде според планот, „Вирџин галактик“ ќе биде прва приватна компанија која ќе носи туристи во вселената. Оттаму велат дека 600 луѓе веќе имаат купено билет, меѓу кои и славни личности како Леонардо ДиКаприо и Џастин Бибер.
„Блу ориџин“ на Џеф Безос и „Спејс Екс“ на Илон Маск исто така ги најавија првите туристички летови во вселената и швајцарската банка „УБС“ предвиде дека во наредните десет години тоа ќе стане индустрија од три милијарди долари.
„Од мали нозе сум вљубена во вселената и кога дознав за плановите на „Вирџин“, веднаш се пријавив“, вели Мезонруж.
Во ноември минатата година, таа првпат го пробала вселенското одело што ќе го носи на патувањето. Таа и останатите туристи ќе поминат низ тридневни тренинзи за патувањето, кое ќе трае 90 минути и ќе биде полуксузно од оние на кои што одат астронаутите.
Од „Вирџин“ велат дека четврт милион долари за вакво патување не се многу и дури очекуваат цената на картата да порасне.