БАНСКО И ЕРМЕНИЈА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО 2025 ВО ИЗБОРОТ НА „ЛОНЛИ ПЛАНЕТ“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2025, на која овојпат се најдоа десет града, десет држави и десет региони. Од соседството, на листата се најде единствено бугарскиот зимски центар Банско.

„Меѓу градовите, првото место на листата е Тулуз во Франција, совршено место за викенд одмор, вистински лавиринт од уметнички галерии, доградени индустриски објекти и кафулиња“, вели извршната уредничка на „Лонли планет“, Нитја Чемберс.

Покрај Банско и Тулуз (фото), во десетте најдобри градови се и Пондичери (Индија), Чијанг Маи (Тајланд), Џенова (Италија), Питсбург (САД), Осака (Јапонија), Куритиба (Бразил), Палма де Мајорка (Шпанија) и Едмонтон (Канада).

Десетте држави што треба да се посетат во 2025 се Камерун, Литванија, Фиџи, Лаос, Казахстан, Парагвај, Тринидад и Тобаго, Вануату, Словачка и Ерменија, а препорачаните региони се крајбрежјето на Грузија, Тераи (Непал), Чирики (Панама), Валез (Швајцарија), Баварија (Германија), Гиресун и Орду (Турција), источна Англија, Лонкестон и долината Тамар (Австралија) и планината Худ и кањонот на реката Колумбија во Орегон (САД).