БОХИЊ И ТРИ ШПАНСКИ МЕСТА НА ЛИСТАТА НА НАЈДОБРИТЕ ТУРИСТИЧКИ СЕЛА НА СВЕТОТ

Париз, (Гардијан)

Светската туристичка организација состави листа од најдобрите 32 туристички села низ светот, на која Шпанија е најмногу застапена, со три зафрлени рурални заедници. Избраните села добија високи оценки за социјалната и еколошката одржливост, како и за нивната туристичка работа.

Бохињ, Словенија

Триесет и двете дестинации се наоѓаат во 18 држави на четири континенти: Австрија, Чиле, Кина, Колумбија, Еквадор, Етиопија, Грузија, Израел, Италија, Јордан, Мексико, Мароко, Перу, Португалија, Јужна Кореја, Романија, Саудиска Арабија, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Турција и Виетнам. Вкупно биле разгледувани 136 села од 57 држави-членки на СТО.

Алкесар, Шпанија

Секоја држава можела да номинира најмногу три села и од Шпанија биле избрани сите три: средновековното каталонско село Рупит, Алкесар во планините Сиера де Гвара во Арагонија и Гвадалупе, познат по својот манастир.

Од регионот, на листата се најде само Бохињ во Словенија.