ДОНЧИЌ ИСПИША ИСТОРИЈА НА НБА СО ТРИПЛ-ДАБЛ СКОРОТ ОД 60 ПОЕНИ, 21 СКОК И 10 АСИСТЕНЦИИ

Далас, (Ројтерс)

Лука Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој остварил 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар, откако го предводеше Далас Маверикс до победата над Њујорк Никс од 126:121.

Далас губеше со девет коша разлика на 45 секунди до крајот на средбата, пред да почне шоуто на младиот Словенец, кој во самиот финиш намерно промаши слободно фрлање, за потоа повторно да ја фати топката и да забие од тешка позиција. Тие поени го одведоа мечот во продолжение, а Дончиќ на крајот имаше скор од 60 поени, 21 скок и 10 асистенции.

Тој стана само седми играч во НБА историјата која остварил трипл-дабл учинок со 50 поени, а со 23 години е и најмлад на кој му успеало тоа.

Ќе има нова статуа во Далас. Лука е како пекол“, изјави некогашната НБА ѕвезда Кевин Гарнет, осврнувајќи се на неодамнешното отворање на споменикот на Дирк Новицки.

(Фото: АП)