Хотел од мраз, инспириран од хит-серијата „Игра на тронови“, се отвори во Лапонија, Финска. Хотелот е изграден во соработка со телевизиската мрежа „Ејч-Би-О“ и е дел од Снежното село, кое зафаќа површина од околу 20.000 квадратни метри.

Селото во Лапонија секоја година ја менува темата и се гради од 20 милиони килограми снег и 350.000 килограми чист мраз.

Во една од собите има издлабено фигура на Бел шетач над креветот

Покрај хотелот, во селото има и ресторан од мраз, леден бар, како и просторија за венчавање направена од мраз.

Собите во хотелот ги дизајнираа скулптори од Русија, Полска, Летонија и Украина. Температурата внатре е пет Целзиусови степени и затоа на гостите им се препорачува да преспијат само една ноќ. Има и простории за кои се доплаќа екстра, за да не добијат гостите хипотермија.

Змеј го чува ледениот бар, кадешто пијалоците се служат во чаши од мраз

Скулптури од мраз се инспирирани од темите и ликовите од „Игра на тронови“ и се поставени во 14 спални и 10 апартмани. Во една соба, на пример, има издлабено фигура на Бел шетач над креветот.

Има и апарат за сладолед во облик на змеј, ледена реплика на Железниот престол и знаци нa ѕидовите од големите куќи на Вестерос.

Друг змеј го чува ледениот бар, кадешто пијалоците се служат во чаши од мраз, место од златни пехари, а во ресторанот од мраз, на менито нема срце од коњ, туку бифтек.

Селото во Лапонија се гради од 20 милиони килограми снег и 350.000 килограми чист мраз

Температурите во ресторанот, во барот и низ ходниците се движат од -2 до -5 степени, без разлика на надворешната температура.

Ноќевањето во хотелот чини од 200 долари, па нагоре, а за влез во Снежното село се плаќа плус билет од 18 долари.

Резервации за престој се прават до 8 април 2018 годинa.