Популарниот блог за патување и фотографија Capture the Atlas и оваа година го организираше изборот на најдобра фотографија на поларна светлина.
Изборот се совпаѓа со сезоната на овој природен феномен на крајот на годината и на конкурсот учествуваа 25 фотографи, кои испратија волшебни мотиви и пејзажи кои како да не се од овој свет, а всушност се од САД, Канада, Русија, Нов Зеланд, Исланд и цела Скандинавија.
(Фото: Capture the Atlas)