Жителите на колумбиското село Кинамајо се единствените на светот кои прославуваат Божиќ во февруари, што е проследено со процесија на дрвена статуа на црно бебе Исус.

Селаните велат дека оваа традиција датира од времето на ропството, кога на нивните претци им било забрането да празнуваат на 24 декември.

Затоа тие избрале ден во средина на февруари, одржувајќи ја оваа традиција до денешен ден. Тие го прославуваат Божиќ со забава, огномет, музика и танцување.

Селаните ја одржале традицијата уште од времето на ропството (Фото: АФП)

„Луѓето кои нѐ поробиле прославувале во декември, а ние не можевме да добиеме слободен ден, па ни беше кажано да избереме друг ден. Во нашата традиција се верува дека жена мора да пости 45 дена после породувањето, па затоа прославуваме Божиќ во февруари, не во декември, за да може Дева Марија да танцува со нас“, вели координаторот на настанот Холмс Ларахондо.

Од таа причина, 24 декември е обичен ден за селото и на свој посебен начин покажуваат почит кон Господ.