Сезоната на цутење јапонски цреши е еден од најисчекуваните настани во Јапонија и привлекува милиони туристи од цел свет. Економски и културно, тоа е исклучително важен период за земјата, но оваа година, сите настани и фестивали по тој повод се откажани поради пандемијата на коронавирусот.
„Цутењето на јапонски цреши или ханами има големи економски ефекти во земјата. Минатата година, 8,5 милиони туристи ја посетиле Јапонија меѓу март и мај, што донесе приход од 650 милијарди јени, односно шест милијарди долари“, вели Кацухиро Мијамото од Универзитетот Кансаи.
Гувернерката на Токио Јурико Коике им порача на луѓето да не ги одржуваат своите традиционални забави.
„Ханами има толку големо културно и историско значење за Јапонците. Ова е исто како да им забраните на Италијанците да се гушкаат“, кажа Коике.