Можеби не е така позната и атрактивна како Санторини или Мајорка, но угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја избра Корчула за најдобриот остров во Европа. Најзелениот далматински остров е сместен само три километри од копното, со што разбирливо има голем број посетители во лето.
„Со своите лозја, маслинови насади и густи шуми, лесно достапната Корчула е мирно и прекрасно место за посета и надвор од сезона. Добро зачуваните средновековни градови и села на островот се преплавени со историска архитектура: од готските, ренесансните и барокните палати во градот Корчула до едноставните камени куќички и фарми во внатрешноста. Можете да пешачите или да возите велосипед до малите винарии и мелници за маслинки, да видите традиционални народни ора и верски поворки или едноставно да се легачите на песочна плажа“, велат од „Лонли планет“.
На листата на 12-те најдобри европски острови се најдоа и: Скијатос (Грција), Сардинија (Италија), Корзика (Франција), Менорка (Шпанија), Сарема (Естонија), Лофотен (Норвешка), Готланд (Шведска), Тексел (Холандија), Сили (Англија), Скај (Шкотска) и Инис Мор (Ирска).
(Фото: Шатерсток)