ЛУКСУЗНИТЕ БАЊСКИ КАМПОВИ ВО СЛОВЕНИЈА СЕ ХИТ ЗА ОДМОР КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ТУРИСТИ

Словенија, (Си-Ен-Ен)

Словенија е позната како земја на здрави води, со над 13 сертифицирани природни бањски одморалишта и многу други бањи со различна големина. Термопанонскиот регион на истокот на Словенија е познат по ваквите водни чуда, кои имаат лековити ефекти благодарение на калта богата со минерали.

Релаксацијата започнува брзо, бидејќи топлата кал брзо почнува да дејствува, а додека топлината навлегува во мускулите, стресот се намалува.

По третманот, многумина имаат низа придобивки, од подобрена циркулација, ослободување од разни мускулни болки, до детоксикација на кожата, објави Си-Ен-Ен.

На североистокот, Марибор нуди луксузни кампови со сеопфатни капацитети. Некои кампови нудат уникатни искуства, како што е сместување во куќа на дрво или чоколадна масажа, која се смета за одлична релаксација. Овие кампови стануваат хит за туристите од Европа.

(Фото: Ј. Гантар)