НАЈУБАВОТО СЕЛО ВО ФРАНЦИЈА ОЧЕКУВА НАПЛИВ ОД ТУРИСТИ ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ТИТУЛАТА

Париз, (Гардијан)

Унспак, кое своевремено било дел од Шведска, е избрано за најубавото село во Франција, во ТВ-гласањето во кое учествувале 700.000 луѓе. Ова село со 652 жители се наоѓа на источната граница на Франција со Германија.

(Фото: Алами)

Гласачите кажаа дека го избрале Унспак поради неговите живописни црно-бели полудрвени куќи, налик на британската Тјудорска архитектура. Повеќето од нив имаат барокни прозорци со конвексно стакло, што им овозможува на жителите да не бидат видени однадвор. Иако досега опишувано како мирно, ова би можело да се промени со оваа титула, па локалните жители сега очекуваат наплив од туристи.

Ова село првпат се спомнува во 1298 година и низ вековите неколкупати било под шведска власт, а подоцна и под германска.