Од денеска до 23 јули, во организација на Музејот на современа уметност во Скопје ќе трае онлајн филмската програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки секој четврток и понеделник ќе се споделуваат линкови до веќе слободни филмови. Музејот ќе ги поставува филмовите на своите профили на Фејсбук и Инстаграм и на својата интернет страница.

Кураторка на програмата е Кумјана Новакова, а визуелниот идентитет и графички дизајн се на Илиана Петрушевска.

Денешна препорака е „Јас не сум твојот Црнец“, филм на Раул Пек од 2016 година кој беше номиниран за Оскар за најдобар документарен филм. Посветен е на борбата на црнците, со фокус на романописецот, драматург и есеист Џејмс Болдвин.