НОВИОТ БРОД НА „ДИЗНИ“ ЗА 6.000 ПАТНИЦИ ЌЕ БИДЕ СО СЕДУМ ТЕМАТСКИ ДЕЛОВИ

САД, (Си-Ен-Ен)

„Дизни“ најави дека е во завршна фаза на нивниот најголем брод досега, а првото патување треба да се случи подоцна оваа година. Со бруто тежина од 208.000 тони и со капацитет за околу 6.000 патници, „Дизни авантура“ ќе содржи седум тематски „земји“.

Првите патувања ќе тргнат од Сингапур. Овие патувања ќе бидат кратки, првенствено се нудат патувања со три или четири ноќевања.

Холивудскиот дел на бродот беше дизајниран во стилот на сјајот и гламурот на златната доба на Холивуд.(Фото: Дизни)

Атракција е ролеркостерот од 250 метри, како и водено игралиште со ликови од познати филмови.

Различни современи сценски претстави и забава ќе бидат понудени на повеќе простори, вклучувајќи ги театарот „Волт Дизни“ и „Градината на имагинацијата на Дизни“, а одговорните велат дека ова ќе биде рај и за возрасни.