Перу ги отвори руините на Мачу Пикчу за еден јапонски турист кој чекал речиси седум месеци за да го посети локалитетот под заштита на УНЕСКО. Џеси Катајама требало да го посети Мачу Пикчу во март, кога дојде до негово затворање поради ширењето на коронавирусот.
Министерот за култура на Перу изјави дека на Катајама му била издадена посебна дозвола за да влезе. Древниот град на Инките, кој е главната туристичка атракција на Перу, треба повторно да се отвори следниот месец со ограничен капацитет.
Катајама планирал да помине неколку дена во Перу, но во средина на март останал заглавен во градот Агуас Калиентес во близина на Мачу Пикчу поради воведените ограничувања за патувања.
„На Катајама во саботата му беше дозволено да влезе во паркот, пред да се врати во својата земја“, изјави министерот Алехандро Нејра.