КОТОР И БОХИЊ МЕЃУ ПЕТТЕ НАЈУБАВИ КРАТКИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО ЕВРОПА

Лондон, (Гардијан)

Секоја од овие пет кратки патеки откриваат воодушевувачки дел од Европа, на страна од добро познатите пешачки патеки.

Тие можат да се поминат за период од само неколку часа, не бараат преголем напор и добро се обележани со знаци и патокази.

СКАЛИЛАТА НА КОТОР, ЦРНА ГОРА

Ова се остатоци од историската природна маршрута, која ги поврзувала Котор, град под заштита на УНЕСКО, и некогашната кралска престолнина Цетиње.

Скалилата почнуваат на височина од 940 метри надморска височина и нудат спектакуларен поглед на Которски Залив.

Информации: 6,5 километри, два часа одење, лесна.

ФЕРИ ПУЛС, АЈЛ ОФ СКАЈ

Самовилските базени претставуваат група од кристално чисти сини водопади, кои се спуштаат од темносиви карпи.

Импресивен додаток на пејсажот се магичните планини Кајлин.

Информации: осум километри, три часа, лесна.

ПИКО ДО АРИЕИРО, МАДЕИРА

Оваа патека ги поврзува двата највисоки врва на португалскиот регион Мадеира, Пико Руиво (1.861 метри надморска височина) и Пико де Ариеиро (1.817), минувајќи низ дел од централниот планински масив.

Информации: осум километри, четири часа, среднотешка.

БОХИЊСКО ЕЗЕРО, СЛОВЕНИЈА

Сместено на само еден час возење од главниот град Љубљана, Бохињ е најголемото ледничко езеро во Словенија. Се наоѓа во националниот парк Триглав и е опкружено од Јулијанските Алпи.

Информации: 8,6 километри, четири часа, лесна.

ФЛИШ, ШПАНИЈА

Лоцирана во баскискиот регион во северна Шпанија, оваа крајбрежна патека минува низ геолошко чудо, составено од уникатни, природни карпести формации, кои се стари повеќе од 50 милиони години.

Како бонус, тука се снимани сцени од „Игра на тронови“.

Информации: 14,4 километри, пет часа, среднотешка.