„РЕЦИКЛИРАЈ И ПАТУВАЈ“ – БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО РИМ ВО ЗАМЕНА ЗА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

Рим, (Дезин)
ROMA, ITALY - 2019/07/23: Virginia Raggi tests the new technology. The Mayor of Rome Virginia Raggi presents the Atac campaign for the collection and recycling of PET plastic bottles called "+Ricicli+Viaggi" inside the San Giovanni Station of Metro C in Rome. (Photo by Matteo Nardone/Pacific Press/LightRocket via Getty Images)

Рим почна проект каде луѓето ќе може да рециклираат пластични шишиња во замена за бесплатно возење со јавниот градски превоз.

Насловен како „Рециклирај+Патувај“, во проектот влегуваат сите пластични шишиња кои ќе бидат собрани и однесени за рециклирање.

Апарати на три метро станици во градот заменуваат едно шише за 0.05 евра, што значи за возење од 1.50 евра ќе бидат потребни 30 шишиња.

„Можеме да кажеме дека сме прв поголем главен град во Европа која ја презентира оваа иновација. Апарат кој ‘јаде’ пластични шишиња и вади пари со кој може да се купи билет“, рече градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

„Ова е начин за награда на одговорно однесување од еколошка гледна точка, а ќе се реши и проблемот со ѓубрето низ градот“, рекоа од секторот за јавен превоз. Властите велат дека станува збор за пилот-проект кој засега е планирано да трае една година.