САРДИНИЈА ЈА ИМА НАЈЧИСТАТА ВОДА ЗА ПЛИВАЊЕ НА СВЕТОТ, БОДРУМ ВО ТУРЦИЈА Е НА ВТОРОТО МЕСТО

САД, (Си-Ен-Ен)

Сардинија, остров во Средоземното Море, кој е вториот по големина остров во Италија и има долго крајбрежје се смета за место со најчистата вода за пливање.

Сардинија е дом и на некои од најубавите плажи во цела Италија. Островот е познат по своите бели, песочни плажи, со кристално чисти води кои се совршени за капење. Сардинија има долго крајбрежје и многу различни типови на плажи.

Бодрум во Турција (Фото: Гети)

На второто место по најчиста вода е Бодрум во Турција, кој е популарен и кај македонските туристи. Бодрум, кој се наоѓа на егејскиот брег е едно од најпопуларните туристички дестинации за многу европски туристи. Познат е по убавото пристаниште, плажи и зајдисонца. Бодрум е познат и по својот антички замок, кој гледа на градот од врвот на ридот. Замокот сега се користи како музеј. Во него се изложени стари статуи, златни монети и антички брод.

„Плаја Бјанка“ во Колумбија е рангирана како една од првите десет плажи во Јужна Америка со најчиста вода, а како трета најчиста на светот. Температурата на морето е 25 до 28 степени помеѓу декември и април. Оваа плажа е популарна и меѓу нуркачите поради нејзините кристално чисти води, со повеќе морски видови, вклучувајќи октоподи и делфини.