ШВАЈЦАРСКИ ФОТОГРАФ ПОМИНАЛ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ГИ ОВЕКОВЕЧИ НАЈЗАФРЛЕНИТЕ ПРЕДЕЛИ НА СЕВЕРОТ НА ЕВРОПА

Цирих, (Би-Би-Си)

Швајцарскиот фотограф Штефан Форстер пропешачил стотици километри за да посети и овековечи некои од најзафрлените и најпусти предели на северот на Европа, но, истовремено, и неверојатно убави.

Привлечен од драматичните пејзажи на далечниот север, Форстер има направено околу 80 патувања во Норвешка, Исланд, Фарски Острови и Гренланд и притоа сретнал најразличен див свет. Своите доживувања ги собрал во новата книга „Северни острови“, која ќе излезе овој месец.

Арктичка лисица снимена на Гренланд

Откако ја купил својата прва професионална камера, Форстер на 18 години се упатил кон Исланд, каде што сам пропешачил 189 километри, откривајќи ја својата љубов кон природата и фотографијата. Сега 32-годишен, Форстер досега има направено повеќе од 600.000 фотографии.

Исланд

„Вистинскиот херој на сите фотографии во мојата книга е самата природа, не фотографот. Моја задача е на луѓето да им претставам колку е прекрасна нашата планета“, вели Форстер.

Зајдисонце во Скоресбисунд, Гренланд

Тој тврди дека не користи никакви техники на манипулирање со своите фотографии.

„Иако ги обработувам, тие првенствено се базираат на природната, уникатна светлина“.

Поларна светлина над Гренланд
Исланд
Норвешка
Исланд

(Фото: Ш. Форстер)