ВО ДУБРОВНИК СЕ ОТВОРИ ПРВИОТ ГЕЈ БАР НА ХРВАТСКОТО ПРИМОРЈЕ

Дубровник, (Ројтерс)

Во Хрватска се отвори првиот геј бар на јадранскиот брег и се наоѓа во Стариот Град во Дубровник. Сместен меѓу историските згради на средновековниот град, „Милк“ се отвори минатиот месец и локалните медиуми велат дека е прв бар од ваков тип на хрватското крајбрежје.

Ова е единствениот официјален геј бар на хрватското приморје, што е извонредно, зашто Хрватска е популарна туристичка дестинација во Европа. Без разлика колку сме конзервативни и традиционални овдека, во Дубровник доаѓаат секакви типови луѓе и геј туризам отсекогаш постоел“, изјави новинарот Игор Млинариќ.

Барот станал популарно место за еден месец од отворањето, иако, како што вели Млинариќ, од локалците, главно го посетуваат ‘стрејт‘ луѓе.

Романа Ивушиќ, која е косопственичка на барот, се надева дека тој ќе ја пополни празнината во туристичката понуда на Дубровник.