Македонскиот народен театар (МНТ) на 5 јуни ќе гостува во Дубровник со претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов. Претставата ќе се игра во театарот „Марин Држиќ“.
Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Дамјан Цветановски/Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
„Претставата ’12’ е едно од најактуелните и најгледани остварувања на репертоарот на Македонскиот народен театар, која преку моќна актерска игра и современ театарски израз отвора универзални прашања за правдата, одговорноста, предрасудите и човековата совест“, велат од МНТ.