„ПЛЕЈБОЈ“ ГО ОБЈАВИ ПРВОТО ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ И СТАВИ МАЖ НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

Мајами, (Си-Ен-Ен)

„Плејбој“ го објави своето прво дигитално издание во 66-годишната историја и новата ера ја почна така што на насловната страница стави маж.

Изземајќи го покојниот основач Хју Хефнер, 26-годишниот порторикански пејач Бед Бани е првиот маж кој сам се појавил на насловната страница на списанието. Фотосесијата била направена во Мајами непосредно пред светот да застане поради ковид-19.

Во март, магазинот објави дека ќе го суспендира своето печатено американско издание до крајот на годината поради проблемите со продукцијата и дистрибуцијата предизвикани од пандемијата на коронавирусот.