РЕСТОРАН ВО БАРСЕЛОНА ВО КОЈ МЕНИ ЧИНИ 290 ЕВРА ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР НА СВЕТОТ

Лас Вегас, (Скај)

„Дисфрутар“ во Барселона е прогласен за најдобар ресторан на светот на церемонија што се одржа во Лас Вегас.

Отворен во декември 2014 во самото срце на Барселона, „Дисфрутар“ е познат по модерни техники на готвење и одлични состојки, а во менито доминираат медитерански рецепти. Кујната ја водат тројца реномирани шпански готвачи. Минатата година, „Дисфрутар“ заврши на второто место во овој избор.

„Дисфрутар“ е познат по модерни техники на готвење и одлични состојки (Фото: Гети)

Стандардното мени во „Дисфрутар“ чини 290 евра, за што се добиваат дури 30 јадења.

На второто место се најде уште еден шпански ресторан, „Асадор Ечебари“ во баскискиот град Ачондо, а трет е „Тејбл Бруно Вержу“ во Париз.

Минатата година, за најдобар ресторан беше избран „Сентрал“ во Лима, Перу.