Холивудските ѕвезди Хоакин Феникс и Руни Мара се свршија по тригодишна врска.

Феникс (44) и десет години помладата Мара првпат беа забележани заедно на Канскиот филмски фестивал во 2017, но главно ја криеја врската од јавност. Тие се запознаа во 2013 година за време на снимањето на филмот „Таа“, а потоа играа заедно и во „Марија Магдалена“ од 2018.

Американските медиуми пишуваат дека новиот Џокер и ѕвездата на „Девојката со тетоважа на змеј“ се свршиле уште во мај, кога глумицата беше видена со голем прстен на раката. И Феникс и Мара досега не биле во брак.