ИЗЛОЖБА НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ЦРТЕЖИ ВО ГАЛЕРИЈАТА НА НЛБ БАНКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“ ќе се отвори вечерва во 20.30 часот во Галеријата на НЛБ банка, во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Ќе бидат прикажани цртежи кои можат да се дефинираат и како копродукт на други видови креативни процеси, ставајќи го акцентот на нивната интердисциплинарна, когнитивна, перформативна или комуникативна функција.

„Сите дела ги прикажуваат основите на современиот цртеж, почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, па сè до неговите дигитални модификации, со што се потврдуваат неговата линеарна автономија и неговата концептуална контрола над останатите медиуми“, велат од ДЛУМ.