Во спектакуларен амбиент, со два концерта на големата поп-ѕвезда Роби Вилијамс, се отвори новата скијачка сезона во австрискиот зимски центар Шладминг-Дахштајн. Организаторите проценуваат дека на двата концерта имало вкупно 25.000 фанови на Вилијамс и љубители на скијањето.
Вилијамс настапи на стадион со 50 метри широка бина и со 150 квадратни метри ЛЕД-екрани, окружен со планини покриени со снег.
„Пресреќни сме со начинот на кој ја отворивме зимата. Двојниот концерт на Роби Вилијамс во прекрасни зимски услови беше вистински триумф за нас. Згора на тоа, можеме да се пофалиме со невообичаено голем број гости за овој период“, изјави извршниот директор на зимскиот центар Матијас Шатлајтнер.
Овој регион располага со 230 километри скијачки патеки.