Сопругите на амбасадорите од повеќе земји кои се на служба во Македонија, и уште неколку жени од јавниот живот беа модели на ревијата со која се отвори Моден викенд Скопје, сношти (25 октомври) во едукативниот центар „Лабораториум“.
На модната ревија на Македонскиот центар „Добредојде“, насловена како „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ видовме уникатни креации на жени кои оделе на курсеви по кроење, шиење и везење, со цел да се поддржат домашните занаети.
Иницијативата е дел од проектот „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, со поддршка на Амбасадата на Словенија.
Модели беа сопругите на неколку амбасадори: на Словенија, Словачка, Австрија, сопругата на градоначалникот на Куманово Максим Димитроевски, Надица, жени од неколку институции и компании.
Водителката Ели Танасковска ја најави ревијата како патување низ времето, од корените на македонските традиции до денешната креативна сцена.
М. ЏАРОВСКА