СТЕН ЛИ ГО СОЗДАЛ НОВИОТ СУПЕРХЕРОЈ ДРТМЕН ПРЕД ДА ПОЧИНЕ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Стен Ли работел на нов суперхерој на Марвел пред да почине, објави неговата ќерка Џеј Си. Ли, еден од основачите на „Марвел комикс“ и креатор на некои од најпознатите стриповски суперхерои, почина во понеделникот на 95 години.

Неговата ќерка објави дека станува збор за машки лик, Дртмен (Dirt Man) и дека настанал по долго убедување со татко ѝ дека „е доста од удари и железо и дека треба малку да се извалка“.

„Многу е интересен, но не е готов сѐ уште. Имаме уште малку работа“, изјави таа за сајтот ТМЗ.

Меѓу другите, Ли е заслужен за креирањето на Спајдермен, Блек Пантер, Хулк, Одмаздници, Фантастична четворка, Ајрон Мен, Дедпул, Доктор Стрејнџ, Екс-Мен, Капетан Америка и низа други повеќе или помалку популарни ликови.