УМЕТНОСТА НА ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА ПОКАЖАНА ВО ЈАВНОСТ ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ

Берлин, (Артнет)

Берлинската академија за уметност го отвори својот подрум, за да ја открие скриената уметност на раните години на Источна Германија.

За првпат после 30 години, пред јавноста се изложуваат т.н. „слики од подрумот“, кои биле насликани неколку години пред да се крене Берлинскиот ѕид во 1961 година, за да го подели градот на два дела.

Сликите на ѕидовите на подрумот ги нацртале студенти на Академијата во 1957 и 1958 година.

По рушењето на ѕидот во 1989 година, реставратори и историчари презеле повеќе мерки за заштита на муралите, но вратите од подрумот останале затворени сѐ до неодамна.