Облечена во црно-бела креација на „Шанел“, оскаровката Пенелопе Круз го предводеше враќањето на филмските ѕвезди на црвениот килим на фестивалот во Венеција. Седумдесет и шестото издание на Мостра отвори со „Паралелни мајки“, новиот филм на Педро Алмодовар, со Круз во главната улога.

Хелен Мирен (Фото: Гети)

За разлика од Кан, најстариот филмски фестивал во светот не го прескокна изданието во 2020 поради пандемијата на ковид-19, но годинава, ѕвездите се вратија на брегот Лидо во знак на поддршка на филмската индустрија.

Адријана Лима (Фото: Гети)

Организаторите се грижат за строг протокол со цел 11-дневниот фестивал да помине без проблеми. Задолжителни се сертификат за примена вакцина или негативен ПЦР тест и забрането е публиката да се доближува до црвениот килим.

Изабел Ипер (Фото: Гети)

„Сите се желни да се вратат, да се рестартираат, да ги претстават филмовите што останаа заклучени година и пол, можеби две години“, изјави директорот на фестивалот Алберто Барбера.

Пенелопе Круз (Фото: Гети)