ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ КРУЗЕР НА СВЕТОТ, ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМИ РЕЧИСИ 8.000 ЛУЃЕ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Пловилото за кое се вели дека е најголемиот крузер на светот е довршено во бродоградилиште во Финска и првото пробно патување на отворено море го имаше минатиот месец.

Икона на морињата“, нарачан од компанијата „Ројал Карибијан“, е долг 365 метри и тежи околу 250.800 тони, а кога ќе влезе во промет во јануари 2024, ќе може да прими 5.610 патници и 2.350 членови на посадата. Ќе се издвојува со најголемиот воден парк на море и со шест огромни тобогани, а гостите ќе можат да се релаксираат во седум базени и девет вирови на бродот.

Се градеше во Турку, во едно од водечките европски бродоградилишта. На бродот има осум палуби и 20 населби за истражување и ќе нуди 28 типови на сместување.

Икона на морињата“ е првиот брод на „Ројал Карибијан“ со погон на течен природен гас и технологија на горивни ќелии.