Женските гради, еден од најстарите и најчести елементи во историјата на уметноста, се во фокусот на голема изложба едноставно наречена „Гради“, која се отвори во рамките на 60. Венециско биенале.
Поделени во пет соби, уметничките дела изгледаат како да разговараат едни со други, но и со посетителите, вели кураторката Каролина Пасти.
„Тоа е многу интимно, па затоа е совршено за меѓународните уметници да развијат дијалог помеѓу себе“, вели Пасти.
Изложбата опфаќа дела од 16. до 21. век, при што преку сликарство, скулптура, дизајн, фотографија, комерцијално рекламирање и видеоуметност се истражуваат начините на кои градите се видени и претставени и од машки и од женски аспект.
Изложбата ќе биде отворена до септември.