ЅВЕЗДАТА НА „ФЛИБЕГ“ ЈА ПРОДАВА ОБЛЕКАТА ОД ГЛОБУСИТЕ, ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА АВСТРАЛИЈА

Лондон, (Гардијан)

Актерката и сценаристка Фиби Волер-Бриџ ја стави на „и-Беј“ облеката што ја носеше минатата недела на доделувањето на Златните глобуси, а парите ќе одат за помош на борбата со пожарите во Австралија. Ѕвездата на ТВ-серијата „Флибег“ доби две награди во неделата, кога носеше креација од австралиските дизајнери Ралф и Русо.

Почетна цена на облеката е 77.000 австралиски долари (40.000 фунти), а аукцијата трае до 20 јануари.

„Возбудена сум што овој уникатен костум, дело на австралиските гении Ралф и Русо, ќе го продолжи своето патување со тоа што ќе придонесе за надминување на оваа катастрофа“, изјави Волер-Бриџ, која работеше и на сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд.

Потегот на британската актерка следи по обемните донации на Леонардо ДиКаприо, Елтон Џон, Крис Хемсворт, Никол Кидман, Елтон Џон, Ник Кејв и „Металика“.