100. ИЗВЕДБА НА „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата на Театарот за деца и младинци, „Пипи долгиот чорап“, денеска ќе се изведе по 100. пат. Премиерата беше на 23 март 2013 година и сѐ уште е една од најбараните претстави кај детската публика.

„Пипи долгиот чорап“ е работена според истоимената детска книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование. Драматизацијата е на Бојан Трифуновски, а режијата на Драгана Милошевски-Попова.

Пипи ја игра Соња Стамболџиоска, а играат и Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Мики Анчевски и Горан Ников/Владимир Лазовски. Сценографијата е на Кирил Василев, костимите на Марија Пупучевска, а композитор е Марјан Неќак.