2.700 ГОДИНИ СТАРО ВЕЦЕ ПРОНАЈДЕНО ВО ЕРУСАЛИМ БИЛО РЕДОК ЛУКСУЗ

Ерусалим, (АП)

Израелските археолози пронашле редок древен тоалет во Ерусалим, кој датира од пред 2.700 години, кога приватни купатила се сметале за луксуз во градот.

Израелската агенција за антиквитети кажа дека мазно изработениот тоалет од варовник е пронајден во правоаголна кабина, која била дел од раскошна вила со поглед на она што денес е Стариот Град. Тој бил направен за удобно седење, со длабока септичка јама под него.

„Вакви приватни тоалети биле вистинска реткост во антиката и само неколку се пронајдени. Само богати можеле да си дозволат вакво нешто“, изјави Јаков Билиг, шефот на ископувањата.

Тој додаде дека еден познат рабин своевремено рекол „да се биде богат, значи да се има веце веднаш до масата за јадење“.